Кучето Беар (6) кое помогна во спасувањето на повеќе од 100 коали за време на големите пожари во Австралија во 2019-та година, доби награда херојски подвиг.
Покрај пожарникарите кои учествуваа во гаснењето пожари, учествуваше и кучето Беар. Благодарение на него, во периодот 2019-2020 година успеал да лоцира повеќе од 100 коали кои благодарение на него ја добиле потребната медицинска нега и ја преживеале трагедијата.
По тој повод, кучето доби и златен медал за неговото херојство, односно посебно признание од Меѓународниот фонд за благосостојба на животни – организација што спасува животни и се залага за нивната заштита.
View this post on Instagram
Беар е единственото куче во Австралија кое е тренирано специјално за барање коали, а наводно може да ги пронајде следејќи го мирисот на нивното крзно и нивниот измет.
Убавите вести беа споделени на официјалниот инстаграм-профил на Беар.
„Најдобриот подарок на сите времиња,нашата ѕвезда Беар, доби престижна награда. Нашите партнери го почестија со награда за неговите подвизи – наоѓање и спасување коали во пожарите што пустошеја низ земјата. Тој не можеше да ја прифати наградата во живо, но се потрудивме да се почувствува ценето со ова големо тениско топче!“, стои во описот на објавата.
View this post on Instagram
Тогашните пожари уништија огромни површини шума, оставајќи притоа илјадници животни без нивните живеалишта. Голем дел од животните воопшто не ја преживеаја катастрофата, а најпогодени од нив беа коалите. Се претпоставува дека над 60.000 коали настрадале во пожарите, дел од нив изгореле, додека други подоцна умреле од глас и дехидрација.