Кучето Мали одликувано со медал за храброст

Белгискиот овчар сопственик на британската војска, кој спасува животи на војници во Авганистан, беше одликуван со медал за храброст.

На осумгодишното куче Мали, врачена му е Дикин медала, која ја доделува ветеринарската добротворна организација PDSA, а која се смета за еквивалент за животни, најголема награда за воена храброст во Британија, награда Викторијански крст.

Од таа организација велат дека Мали два пати бил испратен низ директна размена на оган за да пронајде експлозив.

Тој исто така открил и присуство на бунтовници, со што на војниците им обезбедил „клучни секунди“ да ги вовлечат непријателите во борба на мало растојание.

Од 1943 година, медал за оддадено признание за храброст на животно кое служи во војска, полиција или спасувачки служби.

Меѓу добитниците на медали се и полициски коњи, гулаби писмоносци, а една и мачка која фатила стаорци на брод под опсада во Кина.

Scroll to Top