Куклата Кен наполни 60 години, па компанијата „Мател“ промовира репродукција на оригиналната кукла од 1961 година: момче со руса коса, црвени гаќички за капење и сандали и жолта крпа. Оваа кукла се појави на пазарот две години по куклата Барби.
Компанијата неодамна откри дека соработува со неколку модни дизајнери за да се одбележи роденденот на Кен и да се прикаже како инфлуенсер.
„Кен, исто како и Барби, секогаш бил одраз на времето во кое живееме. Можам да кажам дека Кен е најдобар пријател на Барби, кој секогаш ја поддржува“, изјави Роберт Бест, директор за дизајн во „Мател“.
Бест рече и дека лани биле продадени 76 милиони кукли Кен, што, според него, покажува дека оваа кукла е и понатаму важен дел од тој свет.
Барби и Кен се именувани според децата на Елиот и Рут Хендлер, основачите на „Мател“.