Кумчето на Хитлер кое Фирерот го крстил во логор во Романија

By

Пензионер од Романија Адолф Ернст Штадлер тврди дека е кумче на Адолф Хитлер. Како што наведува тој, Хитлер го крстил во логор за време на Втората светска војна. Тој тврди дека бил првото бебе родено во специјален логор во кој имало Германци во Хохеншванг, во близина на германската гранцица со Австрија.

„Моето семејство од Војеводеса е однесено во Германија, затоа што моите родители биле Германци“, изјавил Ернст на локалните новинари.

„Не однесоа во логор во Хохешванг, а татко ми бил регрутиран“, додава тој и вели дека Хитлер ветил тогаш дека ќе го крсти првото бебе кое ќе се роди во тој логор.

„Мајка ми ми рече дека Хитлер бил мојот кум, што е причина зошто го носам името Адолф. Тогаш ми раскажа дека диктаторот го држел во прегратка во текот на церемонијата, и дека неговото раѓање е запишано со златни букви, а документот го потпишал самиот Хитлер. Диктаторот им дал нешто пари на неговата мајка и и ветувајќи и дека ќе се грижи за мене.

Тогаш, пребарувајќи ги германските архиви, открив документ кој докажува дека сум роден во Хохеншванг на 25 април 1941 година. Претходно мислел дека тој доказ го запалила неговата мајка кога војската на СССР нападнала од исток.

„Се плашела дека Русите би можеле да не повредат. Претпоставувам дека би можеле да не убијат. Кога ги видела подоцна документите, не го споменувала името Адолф, туку само Ернст, од истата причина“, вели тој.

И покрај потеклото и германското државјанство, Ернст решил да остане во Романија, затоа што таа земја е неговиот дом.

 

 

Ќе ви се допадне

Watch TONIKAWA: Over the Moon For You Episode 12 at website https://animefreak.ws. See more hunter x hunter animefreak

Re:Zero kara Hajimeru Isekai Seikatsu 2nd Season Part 2 (https://crunchyrollfree.com/m/xQ5r) Episode 3 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll premium trial