Купецот на најскапата слика во светот, станал министер за култура

Кралот на Саудиска Арабија, Салман, го поставил принцот Бадер бин Абдулах Бин Фарах Ал Сауд за министер на култура во новооснованото Министерство за култура.

Принцот е познат по тоа што Њујорк тајмс, минатата година го идентификуваше како купец на најскапата слика некогаш продадена на аукција, вредна 450 милиони долари, наведува АП.

Во прашање е Салвадор Мунди (Спасител на светот) односно сликата на Исус Христос, која му се припишува на Леонардо да Винчи.

Scroll to Top