Ласерскиот меч од „Војна на ѕвездите“ пробива врата за 15 секунди

Студентот Лук Вилкокс од Универзитетот во Лестершир пресметал колку енергија би трошеле ласерските мечеви од „Војна на ѕвездите“, доколку такво оружје навистина постои. Вилкокс како почетна точка за своите пресметки го зел податокот што во првата епизода од серијалот, џедајот Квај-Гон Џин, со својот зелен светлосен меч пробива метална врата.

Кога ќе се земат во предвид почетната температура, точката на топење на металот, конечната температура, масата на металната врата пресметал дека ласерскиот меч би имал 6.96 мегавати.

Студентот го интересирало и која боја би го направила мечот најмоќен, односно колку време ќе му треба на секој од нив да ја пробие вратата.

Тој сфатил дека боите со кратка бранова должина ќе се помоќни, па се покажало дека црвениот меч вратата би ја пробил за 14 секунди, жолтиот за 12, зелениот за 11, синиот за 9.6, а виолетовиот за само 8.2 секунди.

Scroll to Top