Лава на Хаваите уништува сè пред себе

Вулканот Килауеа на Хаваите станува сè поопасен за месното население кое живее на островот. Лавата веќе го преминала автопатот и навлегла во океанот.

Растопените камења продолжуваат да нанесуваат штета на Големиот Остров.

Американската крајбрежна стража ги предупредила сите мештани да се заштитат од лавата. Службите во Хаваи предупредиле дека магмата која навлегла во океанот претставува опасност за белите дробови, кожата и очите.

Научниците велат дека во саботата дошло со спојување на нови и повеќедецениски стари вулкански магми, што предизвикало да се создаде жешка и течна лава, која со брзина од 300 метри на час уништува сè пред себе.

Scroll to Top