Лавови, тигри и јагуар избегале од зоолошка во Германија

Два лава, два тигри и еден јагуар избегале од зоолошка градина во Лунебах во западна Германија, соопшти локалната полиција. Властите во градот ги предупредиле граѓаните да останат во своите домови и да повикаат полиција ако видат некое од избеганите животни.

Сите тие биле сместени во приватна зоолошка градина. Од истата зоолошка претходно избегала и една мечка, но таа била застрелана.

Зоолошката од која избегале животните била отворена во 1965 година. Во тоа време во неа имало само кучиња, магариња и дива мечка, а денес се чуваат околу 400 животни. Според податоците од зоолошката, годишно ја посетуваат околу 70.000.

Scroll to Top