Ледот во внатрешноста на Антарктикот се топи со загрижувачко темпо

Кога ќе се помисли на топење на ледениците од Антарктикот, веројатно многумина замислуваат како парчиња лед се сливаат во океанот. Тоа секако се случува, но тоа е само дел од приказната.

Истовремено, растечката температура на океанот, ја топи и внатрешноста на Антарктикот, а во прашање се големи површини лед, сокриени длабоко под нивото на водата, кои се непристапни ниту за подводните истражувачки машини.

Делот од Антарктикот кој се наоѓа под вода исто така се намалува 5 пати побрзо. Според новата студија, објавена во магазинот „Nature Geoscience“, ледот со 8 најголеми глечери на Јужниот пол се намалуваат со неверојатна и загрижувачка брзина, што може да доведе до целосен колапс на светскиот покривач.

„Нашата студија е доказ за тоа што се случува ширум ледениот континент“, изјавил еден од авторите на истражувањето, Хан Конрад од Универзитетот во Лидс. Тоа на крајот доведува и до подигнување на нивото на морето, додал тој.

Но, добрата вест е што не сите делови од континентот се подложни на ваквите промени. Лошата вест е што доколку топењето продолжи со ова темпо, цели ледени блокови би можеле да завршат во океанот. Според најлошото сценарио, во тој случај нивото на морето би се подигнало за дури 3 метри до 2100 година.

Scroll to Top