Лекарите во „Вовед во анатомија“ во новата сезона ќе се борат со коронавирусот

Сценаристите на серијата „Вовед во анатомија“, сакаат во продолжнието, да преточат дел од реалноста со коронавирусот, но истовремено да ги задржат смислата за хумор и романтиката.

Снимањето на седмнаесетата сезона сеуште не е почнато, токму поради пандемијата. Сценаристите сега смислуваат начини како корнавирусот го донесат во болницата и новата сезона им ја посветат на лекарите и здравствените работници кои се во првите борбени редови со Ковид 19.

„Не можеме да се фалиме дека сме една од најдолговечните болнички серии, а истовремено да не го прикажеме она што навистина се случува околу нас“, изјавила извршната продуцентка Криста Верноф.

„Пред секоја сезона сценаристите се состануваат со вистински лекари и со нив разговараат за нивните искуства на работа. Неретко во нивните приказни има бројни бизарни и смешни настани. Но, годинашните состаноци повеќе ќе изгледаат како еден вид на терапија, затоа што неколку од здравствените работници, од прва рака детално ќе ни ги опишуваат нивните искуства во борбата со пандемијата“, дополнила Верноф.

Засега нема познати детали околу тоа како глумците во „Вовед во анатомија“ ќе се носат со пандемијата.

Scroll to Top