Леопарди побегнале од сафари-парк во Кина

By

Властите во Кина траат по еден од трите леопарди што побегнале од сафари-паркот „Хангџоу“, соопштиле локалните официјални лица. Како што пренесуваат медиумите, овој парк се соочува со низа критики од јавноста затоа што повеќе од една недела криеле дека животните побегнале.

Државниоит весник „Глобал тајмс“ пренел дека тамошните жители уште на 1 мај забележале дека трите леопарди избегале од паркот, но одговорните дури во саботата ја предупредиле јавноста дека животните избегале.

Одговорните изјавиле дека два од трите леопарди се фатени и дека тие се добро. Потрагата по третиот почнала синоќа со помош на дронови и ловечки кучиња, пренеле локалните власти. Засега останува нејасно како леопардите успеале да побегнат од паркот.

„Глобал тајмс“ пренесува дека некои од дроновите го снимиле третиот леопард вчераутро, но тој побегнал кога некои од мештаните се обиделе да му се доближат. Одговорните за паркот се соочуваат со тешки обвиненија поради тоа што дозволиле опасните животни да избегаат и дека ги довеле во опасност животите на луѓето, кои слободно шетале во тој дел.

Особено загрижувачки бил фактот што леопардите избегале за време на првомајските празници кога овој дел бил преполн со туристи. Хангџоу е едно од најпопуларните турустички дестинации во Кина и е познат по плантажите на чај и живописни езера.

Сафари-паркот сега е привремено затворен додека се разгледува прашањето за неговата безбедност и начинот на управување.

 

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven dubbed anime: My Hero Academia 2 (https://animeheaven.pro/m/L1ax) Episode 25

GoGoAnime haikyuu gogoanime: Dragon Ball (Dub) Episode 153