Осум минути трае летот на новата авио-линија, кој веќе е прогласен за најкраток во меѓународниот сообраќај.
Линијата која ја покренала авиокомпанијата Аруба Ерлајнс, ги поврзува Аруб, карипскиот остров кој е под суверенитет на Холандија и градот Пунто Фихо на северот на Венецуела.
Оддалеченоста меѓу двата аеродрома изнесува 80 километри, а од Аруба Ерлајнс, за оваа кратка линија го одбрала бомбардерот CRJ200, најблискиот регионален линиски авион.
Летовите на експресната авио линија се одвиваат два пати неделно, во понеделник и петок, а најевтината карта чинела околу 200 долари. Пред повеќе од година дена згасната е досегашната најкратка авио-линија меѓу Алтенрхајн во Швајцарија и Фридрихшавен во Јужна Германија.
Австриската компанија „People’s Viennaline“, која го одржала осуминутниот лет со авионот Ембраер 170, на ваков чекор се одлучила поради слабиот интерес на патниците.