Лет над Чернобил ќе биде нова туристичка атракција во Украина

Во Украина националната авиокомпанија „Украина интернешнл“ ќе им понуди на своите патници лет на мала височина над Киев до Чернобил. Првиот лет ќе се одржи на 7 март и ќе трае 1 час и 15 минути. Билетите се веќе распродадени, а следниот лет е планиран за 13 март.

Патувањата ќе се одвиваат со авион „ембраер 195. Авионот ќе лета на 900 метри, над реката Дњпар, кон Чернобил. Чернобилската зона и натаму има количина на зрачење, но многумина го занемаруваат тоа. Чернобил е оддалечен околу 100 километри од Киев.

Од кога е пандемијата со коронавирус, многу авиокомпании се сетиле на „летови кои не одат никаде“.

Во Јапонија, Сингапур, Австралија, со едночасовен лет може да ја обиколите земјата виртуелно. Тоа стана хит за луѓето кои сакаат патувања со авион.

 

Scroll to Top