Лифтот е најопасно место каде може да се заразите со коронавирус

Лифтовите и влезовите во стамбените згради се најопасните места каде луѓето можат да се заразат од коронавирус, смета професорот од Универзитетот Џорџ Мејсон во САД и доктор по биолошки науки Анча Баранова.

Баранова објаснила дека во лифтот би можела да влезе личност заразена со „Ковид-19“, но опасноста да ве зарази и вас останува поголема, поради затворениот простор во лифтот, пренесува sputniknews.

„Освен тоа, воздухот во горниот дел на лифтот, кога истиот е во движење, може многу лесно да се спушти доле на нас и истиот многу лесно да се префрли на нас“, објаснила таа.

Мејсон јавно дава совет луѓето да не ги користат лифтовите, ако за тоа нема потреба и да ги користат скалите. Таа објаснила дека за луѓето е многу побезбедно кога се наоѓаат во поголеми простории, затоа што во таков случај, вирусот се разнесува во воздухот.

Во јавниот превоз ситуацијата е обратна. Таму има помалку воздух, па ризикот од зараза е поголем. На улица исто така веројатноста да се заразите од опасниот вирус е сведена на минимум.

„Но тоа не значи дека не можете да се заразите ако се наоѓате на улица, или било каде на отворено. Само ризикот е многу помал“, вели Баранова.

Светската здравствена организација на 11. март епидемијата на новата инфекција на вирусот корона „Ковид-19“, ја прогласи за пандемија. Според последните податоци во светот, забележани се повеќе од 3,84 милиони случаи, заразени со коронавирус, а почнати повеќе од 265.000 луѓе.

Во Русија, забележани се 177.160 случаи на заболени од коронавирус, од кои 1625 се починати, а 24.000 се оздравени.

Извор/sputniknews

Scroll to Top