Сместувањето, музејот, храната, излегувањата, се некои од факторите според кои градот Краков ја освои титулата најпристапен град за туристичка обиколка.
Доколку планирате кратко бегство во странство оваа пролет, а не сакате да потрошите премногу пари, полскиот град е апсолутно најдобриот избор. Ова го покажала годишната листа на најевтини и најскапи дестинации во Европа.
На листата се најдоа 36 европски града, кои се рангирани по 12 клучни финансиски ставки, меѓу кои и влезниците за музеи, оброците во рестораните и сместувањето. Веднаш зад Краков на листата се најдоа Вилнус, Рига, Варшава и Будимпешта. Како најскап европски град на оваа листа се најде Амстердам.
Во продолжение видете ја целата листа и одлучете која ќе биде вашата следна дестинација.
- Краков, Полска
- Вилнус, Литванија
- Рига, Летонија
- Вашава, Полска
- Будимпешта, Унгарија
- Москва, Русија
- Прага, Чешка
- Атина, Грција
- Лисабон, Португалија
- Лил, Франција