Литванското Министерство за одбрана им даде препорака на своите граѓаните да ги фрлат кинеските мобилни телефони и да си купат нови. Ова дојде откако националниот центар за кибербезбедност ги тестирал кинеските смартфони кои поддржуваат 5Г и утврдил дека еден модел на „Шјаоми“ има вградени алатки за цензура, додека во модел на „Хуавеи“ се најдени безбедносни пропусти.
„Наша препорака е да не купувате нови телефони од кинески производители и да се ослободите од оние што веќе ги имате досега“, рече заменик-министерот за одбрана Маргирис Абукевичиус.
Литванците утврдиле дека моделот „Ми 10Т 5Г“ на „Шјаоми“ има софтвер кој може да препознае и цензурира речиси 450 изрази, како „Да живее независноста на Тајван“ и „демократско движење“. Во Европа, оваа апликација била исклучена кај овој модел, но се стравува дека таа може да се активирана од далечина.
„Уредите на ‘Шјаоми‘ не ги цензурираат комуникациите од и кон нашите корисниците. Ние никогаш нема да го ограничиме или блокираме однесувањето на корисниците на нашите смартфони“, изјави портпаролката на кинеската компанија.
Во извештајот се вели дека „хуавеи П40 5Г“ кој ги изложува корисниците на ризик од нарушување на кибербезбедноста.