Ливерпул отстранет од списокот на УНЕСКО

Англискиот град Ливерпул вчера беше избришан од списокот на светско културно наследство на УНЕСКО поради новоградбите што ја нарушуваат привлечноста на пристаништата од викторијанската ера, со што влезе во историјата како трет град кој отстранет од оваа престижна листа.

Ливерпул беше вклучен во списокот во 2004 година, а во образложението на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО се наведува дека современите градби ги нарушуваат „автентичноста и интегритетот на градот“, пренесуваат странските медиуми.

Градот беше вклучен во списокот поради неговата улога како едно од најважните пристаништа во текот на 18 и 19 век и неговата единствена архитектонска убавина. Градоначалничката на Ливерпул, Џоан Андерсон, изјави дека за неа е несфатлива одлуката да се отстрани Ливерпул од списокот и дека таа ќе се жали на одлуката.

„Јас сум крајно разочарана и загрижена. Нашето светско наследство никогаш не било во подобра состојба бидејќи има корист од стотици милиони фунти инвестиции“, рече таа.

Освен Ливерпул, единствени што се отстранети од списокот се Аман во 2007 година и долината Дрезден Елбе во 2009 година поради изградба на мостови на таа река.

Scroll to Top