„Лонли планет“ ги избра најдобрите дестинации за патување во 2021 година

By

Откако во 2020 година беа откажани повеќето патувања во светот, сајтот „Лонли планет“ ја состави годишната листа на најдобри дестинации за 2021 година, со надеж дека ќе ги инспирира луѓето да тргнат на патување догодина.

На прво место на нивната листа е градот Петра во Јордан. Популарниот сајт за патување го опиша „изгубениот град“ како „вистински мистериозно и предизвикувачко место“. Градот го изградил древниот народ Набатејци, цивилизација на занаетчии и трговци, а Петра била важна станица на големата трговска маршрута меѓу арапските оази. Откако била напуштена, со векови била дом само на бедуини и заборавена од остатокот на светот.

На второто место е националниот парк Галапагос. Оддалечен 1.000 километри од јужноамериканското копно, Галапагос, во чиј состав има 17 острови, е познат по разновидниот жив свет и целосно е заснован на екотуризам.

Ангкор ват

Националниот парк Улуру-Ката Тјута во Австралија е на третото место. Песочната карпа Улуру, висока 348 метри, важи за свето место за домородните Абориџини и властите ги забранија искачувањата во 2017 година.

Во топ 10 уште се делтата на реката Окаванго (Ангола), националниот парк Јелоустон (САД), езерото Блед (Словенија), водопадите Игуазу на границата меѓу Аргентина и Бразил, храмовите на Ангкор Ват (Камбоџа), најголемото солено езеро на светот Салар де Ујуни (Боливија) и планинскиот масив Анапурна (Непал).

Ќе ви се допадне

Armor Shop for Ladies and Gentlemen II Episode 3 at website https://kissanimeonline.com. See more kissanime official website

Watch The Seven Deadly Sins: Wrath of the Gods Episode 21 at Crunchyroll crunchyroll premium trial