Денес имавме задоволство да разговараме со наш онлајн играч којшто во вчерашното (40-то) коло Лото 7 ја освои досега најголема добивка постигната со онлајн учество во оваа игра на среќа. Телефонски се поврзавме со нашиот добитник којшто ни соопшти дека е пензинер од Гостивар, редовен лото играч, љубител на игра со скратени системи. Тој ја пофали можноста за онлајн учество во Лото 7 и Џокер, посебно во време кога не е пожелно да се изложува на ризик и да уплаќа на продажно место.
Нашиот добитник е долгогодишен лото играч и најчесто игра скратени системи. Порано, системите ги распишувал на повеќе помошни ливчиња, но откако Државна лотарија понуди можност да се игра на едно ливче со избор на еден од 24 системи, рече дека работата му се скратила. Сега е презадоволен од можноста од дома да учествува во својата омилена игра на среќа. Уште со почетокот на пандемијата, тој се обратил во контакт центарот за помош за регистрација и оттогаш не пропушта коло без да уплати и одигра некој од скратените системи. Најчесто го играл скратениот систем со број 21 и досега во повеќе наврати добивал 5-ки и 4-ки. Сега за првпат решил да го игра скратениот систем со број 16. Броевите не ги избира самиот туку со квикпик опцијата дозволува тоа за него да го стори компјутерот.
Неговиот избор на скратен систем број 16, како и довербата во случајниот избор на броеви, го донесе до 6-ка вредна 371 297 50 денари, две 5-ки, (секоја во вредност од 3 031 денар) и 39 добивки од категорија 4-ка. Вкупната добивка од коло 40 на нашиот онлајн играч од Гостивар изнесува 385.160.00 денари, а средствата ќе ги намени за реновирање на семејниот дом.
Пред неполн месец, во коло 33 имавме 6-ка вредна 348.297,50 денари постигната од онлајн играч од Гевгелија. Предноста на онлајн играчите е што од удобноста на својот дом може да се вклучат во омилената игра, да уплатат и одиграат онлајн, но и да ги добијат средствата од постигнатите добивки на својот кориснички профил.
Популарноста на онлајн учеството во игрите на среќа Лото 7 и Џокер е се поголема, а нашето семејство на онлајн играчи е се побројно. За непол месец две 6-ки заминаа во рацете на онлајн играчи, дали можеби и очекуваната 7-ка ќе падне во рацете на онлајн играч, останува да видиме.
Минатата година, на 8 мај, во Кавадарци, падна најголемата 7ка во историјата на Државна лотарија вредна 29.293.930 денари. Тоа беше и првата 7-ка од играта на среќа Лото 7, а втората, во вредност од 11 966 712 денари беше постигната во Кичево. Во очекување сме на 3-тата 7-ка од играта на среќа Лото 7.
Во тек е уплатата за коло 41, а фондот за 7ка за е над 29 000 000 денари.
За онлајн играчите имаме актуелна кампања 300+100, повеќе информации за неа и за другите поволности, побарајте на нашите социјални медиуми и на веб страната www.loto.mk
PR текст