Љубезните луѓе имаат празни паричници

Љубезните луѓе имаат празни паричници. Ова го открила студија која ги поврзала карактеристиките на одредени луѓе со податоците на нивните финансии.

Авторката на истражувањето Сандра Мек, експерт за компјутери и информатика, во школо во Њујорк, во соработка со нејзиниот британски колега доктор Џом Гледстон, користела комбинација на испитаници и нивните банкарски податоци. На тој начин тие утврдиле дека луѓето кои постигнуваат подобри резултати на тестовите за карактер, имаат поголема шанса за имаат финансиски потешкотии. Особено оние кои имаат ниски приходи.

Научниците исто така ги вкрстиле податоците за карактеритики на милион луѓе од САД и Велика Британија со податоците за бројката на оние кои не можеле да ги платат своите долгови. Повторно утврдиле поврзаност меѓу љубоезноста и финансиските проблеми.

Мек смета дека причината за оваа поврзаност е тоа што таквите луѓе често користат картички или позајмуваат на некого пари и тогаш кога не се во состојба тоа да си го дозволат.

Прашањето кое може да се постави на ваквите сознанија е: „Што би требало да направат таквите луѓе за попаметно се постават кон овој проблем?

Еден од начините би бил некој да ги убеди во тоа. Кога станува збор за парите, не се грижиме само за себе, туку и за нашето семејство. Се грижиме за луѓето кои ги сакаме, па така недостатокот на пари и долго нема да влијае само на нас, туку и на сите луѓе за кои се грижиме“, заклучува Сандра Мек.

Таа дава и објаснување за пролемот со плаќањето на сметките.

„Тоа всушност е работа на договор. Плаќањето би требало рамномерно да се распореди. А тој однос во семејството го прави вистинскиот однос, кој не е еднонасочна улица“, вели Сандра.

Судејќи според тоа, љубезните и драги луѓе мораат да научат да се носат и со малкуте непријатни ситуации.

Scroll to Top