Љубојна, Слаткаристика и отворено кино со македонски филмови на „Преспаленд”

By

Деновиве на мултимедијалниот фестивал „Преспаленд“ ќе се случат неколку кулутурно-уметнички настани.

Во сабота, по повод одбележување на Преспанското советување, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов” на Александар Поповски и „Џган” на Вардан Тозија.

На ден Илинден, на 2-ри август, со почеток во Амфитеатарот во Ресен, концертен настап ќе има еден од најдобрите македонски етно состави – Љубојна, а по нив ќе настапи и раперот Слаткаристка.

Влезот за сите посетители е бесплатен.

Преспаленд е првиот мултимедијален фестивал на традицијата и историјата во Преспа, кој започна на 10 јули со одбележувањето на првиот час по македонски јазик, во старото училиште „Димитар Влахов”, во селото Љубојно, каде посетителите имаа можност да вкусат традиционални преспански рецепти и да уживаат во звуците на музичката група Перија и виртуозот на канон и саз, Џенгиз Ибрахим. Исто така свој настап имаа и поетите Елена Пренџова, Игор Трпчески-Трпе, Марија Грубор и Горазд Китаноски-Кени од Поетри слем Македонија. Следниот ден на плажата „Сливница“ свој настап имаа дуото Дац и Александар и Владо Јаневски.

Во рамки на фестивалот кој е со времетрање од три месеци, предвидени се разни едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а најавени се и многу сценски изведби и изложби.

Организаторот најави посета на шест села, со 11 настани, како и време поминато во природа и разубавување на 11 локации.

Ќе ви се допадне

MM! Hidden Camera Shorts (https://4anime.biz/m/k87J) Episode 9

Website https://animeflv.uk: Watch Golden Kamuy Season 3 (Dub) animeflv Episode 12 anime to watch

AnimeFreak: Love, Chunibyo & Other Delusions!: Heart Throb Lite Shorts anime episode 6 online free at https://animefreak.ws anime websites

Website https://animedao.nl: Watch Jewelpet: Attack Chance!? animedao Episode 3 animedao website reddit

Findery: https://findery.com/gogoanimebe

Coub: https://coub.com/gogoanimebe