Астролозите велат дека 2022 година ќе биде повозбудлива и поуспешна во сè, особено на љубовно поле.
Што точно ве очекува во текот на следната година, какви се шансите да ја запознаете сродната душа или да го кажете судбоносното да, прочитајте овде:
Овен
Февруари е одличен месец за љубов и романса. Навикнати сте да преземате иницијатива, но во овој период од годината нема да морате да се трудите, а ќе имате додворувачи во изобилство. Ќе влезат интересни луѓе во вашиот живот, па добро обрнете внимание, можеби една од нив е вашата сродна душа.
Доколку сте во врска, ќе уживате максимално покрај партнерот.
Средината на годината е време за романтични истражувања и нови авантури. Ќе дознаете повеќе за себе, но и за партнерот.
Бик
За Бикот љубовниот живот ќе биде малку поголем предизвик отколку во 2021 година. Во суштина, сè ќе биде добро, но ќе треба да вложите малку повеќе работа, да покажете трпение и разбирање.
Ако сте во врска која ве гуши, време е да раскинете еднаш засекогаш. Веднаш направете го тоа. Време е да уживате максимално и да се фокусирате на она што е навистина важно.
Добри работи на љубовно поле ќе влезат во вашиот живот, само ако ќе ги расчистите токсичните врски и луѓе.
Близнаци
2022 година ќе биде прилично тешка година за вас. Подготвени сте да преземете иницијатива и да преземете ризични потези. Нема да биде лесно, но ќе биде профитабилно. Иако можеби нема да го добиете сето она на што сте се надевале, ќе научите важни лекции кои ќе ви користат во животот и ќе ви се разјасни што точно сакате од вашиот партнер.
Рак
Пред вас е возбудлива година, без разлика дали сте во врска или слободни. 2022 година е клучна година, време кога радикално сè се менува. Подготвени сте да ја подигнете врската со партнерот на повисоко ниво. Ако сè уште не сте ја пронашле вашата сродна душа, сега е вистинското време.
Во текот на годината ќе запознаете интересни луѓе, а на самиот крај на годината ќе ја запознаете личноста која ќе целосно ќе ве освои.
Лав
Ова е страсна година за Лавовите. Ќе бидете поенергични од вообичаено и порасположени за љубовни авантури.
Доколку сте во врска, може да дојде до мали падови и несогласувања кон средината на годината, но со разговор може сè да се поправи. Затоа добро размислете пред да кажете нешто, за да не се каете подоцна.
Девица
Уморни сте да чекате на туѓите одлуки и сакате да ги преземете работите во свои раце. Ѕвездите се на ваша страна и ве поттикнуваат да ги следите вашите соништа. Ако не сте задоволни со партнерот, сега е време да го расчистите тоа. Ако некој ви се допаѓа, сега е време да го направите првиот чекор и да му дадете до знаење дека сте заинтересирани.
Време е да уживате максимално. 2022 година ќе биде година на луда забава и незаборавни авантури.
Вага
Вие сте тип на личност која лесно се заљубува, но не сте секогаш сигурни што сакате. Ова е важна година за сите Ваги. Ќе ги добиете бараните одговори. Големи се шансите да ја запознаете идеалната личност според вашите критериуми. Јуни и јули означуваат нов почеток во вашиот живот. Обрнете внимание на пораките што ви ги испраќа Универзумот.
Скорпија
Ќе доживеете и подеми и падови, затоа бидете подготвени. Март и април ќе бидат месеци на големи емотивни пресврти. Ќе претрпите разочарување на љубовното поле, но од сè ќе излезете посилни и поспремни да продолжите понатаму.
Ќе научите многу и би било добро да го искористите најдоброто од она што сте го научиле, за да не грешите во иднина.
Секогаш после дождот доаѓа сонце, па така ќе се раздени и во вашиот живот. Од средината до октомври очекувајте само убави нешта.
Стрелец
Стелците се познати како луѓе кои најчесто мислат само на себе и уживаат во кратки авантури. Сепак, 2022 година веројатно ќе биде година кога и вие ќе сакате нешто повеќе: повеќе посветеност, повеќе наклонетост, повеќе искреност.
Средината на годината е одлично време за страсни авантури, додека август ќе ви донесе личност во животот која ќе ви го збуни умот и ќе ве научи што е вистинска љубов.
Јарец
Ова е година на промени и раст.
Не сте целосно задоволни со вашиот љубовен живот во последно време, а имате многу незадоволство поради разочарувањата што сте ги доживеале низ годините. Сепак, не очајувајте, бидејќи сето тоа ќе стане безначајно минато.
На самиот почеток на 2022 година, среќата ќе ви се насмевне и ќе чувствувате љубов насекаде околу вас. Ќе се чувствувате енергично и ќе гледате на животот од нов агол.
Водолија
Ве очекува одлична година. Моќниот Јупитер е во вашиот знак, а него внимателно го следи Сатурн. Оваа комбинација ќе ви овозможи да бидете придружени со среќа на секој чекор. На дофат ќе ги имате сите можности, а и ќе постигнете сè што ќе посакате. Средината на годината е најдобро време за започнување на нови романси.
Риби
Ве очекува година полна со позитивни настани на љубовно поле. Средината на 2022 година е време кога ќе почнат да се случуваат сите промени, а среќата во љубовта ќе ве следи до средината на 2023 година. Пред вас е време на среќа и задоволство. Уживајте!