Љубовници ги удрил гром додека воделе љубов на плажа, па кога стигнал сопругот во болница направил скандал

Во Србија, во местото Аца Цингалија се прераскажува приказна за која некои сметаат дека е вистинита, додека други тврдат дека станува збор за мит.

Приказната е за двајца љубовници, кои додека воделе љубов под тажна врба на островот на реката Сава во Белград, Ада Цингалија, ги удрило гром. Во силното невреме триесет и тригодишниот Бојан и три години постарата Мирјана, се здобиле со повреди и изгореници.

Итната помош која пристигнала веднаш на местото ги однела голите тела на Бојан и Мирјана во болница.  По некое време Бојан бил пуштен на домашно лекување, додека Мирјана била задржана. Дежурниот лекар изјавил дека таа била сместена на интензивна нега.

Тој објаснил дека нејзиниот живот не бил загрозен.

„Пациентот е свесен, може да јаде и да комуницира со персоналот. Повредите што ги здобила се тешки, но, очекуваме брзо да закрепне. Во моментов не се дозволени посети, но за неколку дена роднините и пријателите ќе можат слободно да ја посетат“, изјавил тој.

Но, никој не очекувал дека брзо потоа ќе се случи голем скандал. Помлад господин дошол во болницата и се распрашал за здравствената состојба на повредената Мирјана М.

Вработените му кажале во кое одделение се наоѓа, а потоа го замолиле да ја земе нејзината гардероба. Меѓу женските предмети што ги земал имало и машка облека. Лекарите му објасниле дека работите му припаѓаат на нејзиниот сопруг.

Господинот кој ја земал облеката зачудено ги погледнал и им рекол дека тој е нејзиниот сопруг и дека облеката не е негова. Тие морале да му кажат дека Мирјана била повредена додека водела љубов со нејзин колега од работа.

Партнерот на Мирјана поминал со полесни повреди, додека Мирјана го извлекла подебелиот крај.

Scroll to Top