Луѓето постари од 40 години треба да работат 3 дена во неделата

Една скорешна студија објавена во работна верзија на институт при Универзитетот во Мелбурн открива дека луѓето постари од 40 години се продуктивни само три дена во неделата. Според студијата, истражувачите се обиделе да ги анализираат когнитивните способности на постарите работници. Тие во тестирањето вклучиле 3 500 жени и 3 000 мажи.

Истражувачите се фокусирале на апстрактното размислување, на меморијата и на размислувањето на учесниците за донесување одлуки. Истражувачите ги мереле и нивните когнитивни перформанси за да заклучат колкава е нивната ефикаснот во работата.

Учесниците имале подобри перформанси кога работеле 25 часа неделно. Нивните перформанси значително се намалиле кога почнале да работат 55 часа неделно. Тие, вели студијата, биле заморени и подложни на стрес. Според авторите на студијата, нивото на интелектуална стимулација зависи од работното време. Работата може да ја стимулира активноста на мозокот, но може да предизвика замор и стрес, што влијае врз когнитивните функции. Работењето повеќе од 30 часа неделно може да има негативно влијание врз здравјето на мозокот на средовечните мажи.

 

Според професорите, уште не е јасно зошто работењето повеќе од 30 часа не е добро за мозокот.

 

Scroll to Top