Лукот одличен лек во борбата против хиперлипидемија

By

Сите знаеме дека лукот е здрав, а сега тоа е и официјално потврдено. Еве за што се работи.

Светската здравствена организација неодамна објави дека лукот како додаток во исхраната е одличен лек во борба против хиперлипидемија и артериосклероза.

Конечно некој се сетил да го докаже она што го слушаме откако знаеме за себе – лукот е извор на здравје.

Како додаток во исхраната се препорачува за пациенти што страдаат од вишок маснотии во крвта, васкуларни проблеми, зголемен крвен притисок.

Метју Бадоф е лидер на истражувањето со кое се донесени нови докази за предностите на лукот во лекувањето срцеви заболувања.

Научниците ја следеле состојбата на 55 испитаници на возраст од 40 до 75 години, кои страдаат од зголемен крвен притисок, дебелина и кардиоваскуларни болести. Измерена е количината на маснотии и калциум во нивните артерии.

Истражувањето траело една година.

На една група ѝ е даван плацебо, а на другите 2,4 мг екстракт од лук – кај нив притисокот во артериите се намалил 80 отсто.

Откриено е и антибактериско дејство на оваа лековита состојка.

Со тоа што спречува висок крвен притисок во артериите, го забавува развојот на кардиоваскуларните болести. Лукот е одличен чувар на здравјето.

Тој не мора да биде само лек, туку и одлична превентива. Затоа, не чекајте да биде доцна, веднаш додајте го во исхраната.

 

Ќе ви се допадне