Магазинот „Ролинг стоун“ ги избра најдобрите песни на сите времиња

By

Музичкото списание „Ролинг стоун“ ја објави листата со 500 најдобри песни на сите времиња. На прво место е легендарната песна Respect што Арета Френклин ја изведе 1967 година.

Магазинот првпат по 17 години ја смени оригиналната листа, објавена во 2004 година, и ја дополни со нови песни од изминатите две децении. Листата вклучува дури 254 нови песни. Во изборот на најдобрите песни учествувале преку 250 уметници, музичари, продуценти, критичари и новинари.

По Respect, на второ место е Fight the Power од Public Enemy, а на третото е A Change Is Gonna Come од Сем Кук. Потоа следуваат Like a Rolling Stone од Боб Дилан и Nirvana со Smells Like Teen Spirit. Марвин Геј e шести со песната Whats Going On, потоа Strawberry Fields Forever од легендарните Beatles e на седмо место, Get Ur Freek On од Миси Елиот е на осмо, Dreams од Fleetwood Mac е деветта, а топ 10 завршува со песната Hey Ya! изведена од Outcast.

Ќе ви се допадне