Македонец стана стратешки партнер на Илон Маск од „Тесла“

Познатиот македонски бизнисмен во Германија, Роберт Милески стана стратешки партнер на Илон Маск. Тој денеска на „Фејсбук“ напиша дека неговата компанија Introcode станала стратешки партнер на моќната компанија „Тесла“.

„Да се пофалам, мојата компанија стана стратешки партнер на „Тесла“. Отсега софтвер Made in Macedonia во нивните производи и во една од технолошки најнапредните компании во светот“, напиша Милески.

За неговта компанија е наведено дека е „технолошки партнер со седиште во регионот Потсдам, во Берлин и нуди услуги во развој на софтвер, како и ИТ-администрација, ИТ-консалтинг и ИТ-безбедност, со што успешно го спроведува знаењето стекнато со долгогодишно професионално искуство.

Scroll to Top