Македонија в година повторно ќе учествува на Евровизија

Иако оваа година поради состојбата со коронавирусот Евровизија не се одржа, следната 2021 година сигурно ќе се одржи во Ротердам, Холандија.

Полуфиналните вечери ќе се одржат на 18 и 20 мај, а финалето на 22 мај.

Македонија е меѓу 41 земја учесничка, кои се објавени на официјалната фејсбук-страница на Евросонг.

За потсетување, оваа година требаше да нè претстави Васил Гавранлиев со песната YOU. Сè уште е неизвесно дали ќе биде реизбран или Македонија ќе оди со друг претставник. Во случај Гавранлиев да замине за Ротердам, ќе мора да избере нова песна бидејќи според правилникот песната не смее да биде претходно изведувана или промовирана.

Scroll to Top