Македонија ќе ја зафати африкански бран

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, а во пладневните часови ќе има можност за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално невреме, проследено со силен ветер, електрични празнења и град. Максималните температури ќе се искачат до 34 степени.

До крајот на оваа недела во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Постабилна атмосфера ќе има во текот на следната недела, температурите на воздухот ќе растат и тоа под влијание на бран од Африка кој се движи кон нашата држава.

На крајот од оваа и на почетокот од следната недела максималните дневни температури ќе се движат помеѓу 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и коефициент некаде од 9 до 10.

Scroll to Top