Македонија ќе учествува на Детската евровизија во Париз

Македонската радио-телевизија потврди дека Македонија ќе учествува на Детската евровизија 2021 по едногодишна пауза поради пандемијата. Заега не се објавени никакви информации за селекцијата и претставникот.

Натпреварот е закажан за 19 декември во La Seine Musicale, Париз. Досега 13 земји го потврдиле своето учество, и тоа: Франција, Грузија, Германија, Ирска, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Малта, Македонија, Шпанија, Русија и Украина.

Македонија учествува уште од првото издание на Детската евровизија, а најдобар пласман имаше во 2007 со песната „Динг динг донг“ на Росица Кулакова и Димитар Стојменовски кога се пласиравме на 5. место, успехот го повтори и Боби Андонов со песната „Прати ми СМС“ кога се најде на истото место на ранг-листата една година подоцна.

Последен македонски претставник беше Мила Москов во 2019 година кога се пласиравме на 6. место со песната Fire.

Scroll to Top