Македонија прва во светот со поштенска марка посветена на децата со ретки болести

Гордана Лолеска е автор на првата поштенска марка посветена на децата со ретки болести. Со тоа Македонија ќе стане првата земја во светот што ќе промовира поштенската марка посветена на овие деца. Промоцијата ќе се одржи на 4 октомври во просториите на МАНУ. Целта на активноста е да се сврти вниманието кон децата со ретки болести, да не бидат невидливи за системот.

Организатори на настанот се „Македонски пошти“ и Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.

„Сакаме да ѝ се заблагодариме на една ретка мајка, Гордана Лолеска, која сета своја енергија ја вложува во подигање на свеста за животот со предизвици“, велат организаторите.

 

Scroll to Top