Македонија првпат освои злато на Балканската олимпијада по информатика

Ученикот Благојче Павлески од Прилеп е добитник на првиот златен медал на Балканската олимпијада по информатика во историјата на Македонија. Тој е четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Додека ученикот Марко Танески, кој е исто така од Прилеп, освои сребрен медал, а Андреј Шеќеров од Скопје освои олимписка пофалба.

Македонскиот тим составен од ученциите Благојче Павлески, Марко Таневски, Андреј Шекеров и Тео Китановски, беа предводени од лидерите д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) освоија еден златен и еден сребрен медал, како и олимписка пофалба на Балканската олимпијада по информатика. Резултатот кој го постигнаа македонските натпреварувачи оваа година е највисок во речиси 30-годишната традиција на ова натпреварување.

Овој престижен натпревар траеше од 24 до 29 ноември во Шумен, Бугарија. Но поради ковид-пандемијата, настанот се одржа онлајн, каде што учествуваа вкупно 37 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, кои беа избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија.

Покрај турнирот за средношколци, натпреварот имаше и дел за јуниори. На натпреварот за јуниори Сара Стефановска, ученичка од Крива Паланка, освои бронзен медал во конкуренција на 168 натпреварувачи од петнаесетина земји. Таа учи во Математичко-информатичката гимназија во Скопје.

Нашите претставници на Балканската олимпијада по информатика, групирани во повеќе тимови, беа во состав:

Нашиот тим традиционално се избира во целогодишен циклус натпревари кој го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), годинава поддржан од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Нетцетера и Семос едукација.

„Резултатот остварен на овој натпревар претставува продолжување на традицијата на успешни претставувања на Македонија на интернационалните информатички олимпијади во последниве десетина години и уште една нова потврда за знаењата и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици. Според мене, успехот се должи на напорите на Здружението редовно да работи со талентираните ученици, како и воведувањето на информатиката и темите од програмирање во основното и средното образование во првата половина на претходната деценија“, вели д-р Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари на Македонија.

Следната, 29-та по ред, Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2022), треба се одржи во Љубљана, Словенија, идната година.

Scroll to Top