Македонски бендови на годинешниот „Скопје колинг“

Фестивалот „Скопје колинг“, кој ќе се се одржи на 12 септември на стадионот на АРМ, оваа година ќе биде посветен на бендовите од домашната музичка сцена, објави организаторот „Авалон продукција“.

Учесници на петтото издание на „Скопје колинг“ се „Фолтин“, „Ласт експедишн“ и „Плуто‘с даут“, а од „Авалон“ најавуваат и изненадување, кое ќе го објават до крајот на месецот. Организаторите велат дека овојв пат решиле фестивалот да го организираат со пионерите и младите сили на домашната музичка сцена.

„Создадовме оргинална и балансирана комбинација на креативност, свежина и традиција. ‘Плутос даут’ ќе ни ја пренесе новата шармантна скопска авангарда, ‘Ласт експедишн’ ќе ни покаже на што работеле за време на долгата музичка пауза и да нè потсети што значи да се биде добрата стара школа, а ‘Фолтин’ да ни покаже, барем на еден и пол час, како е да се живее младешки“, рекоа од „Авалон продукција“.

Влезниците за цена од 600 денари ќе бидат пуштени во продажба утре.

Scroll to Top