Македонски средношколци освоија бронзен медал на Балканска олимпијада по физика

Македонските средношколци, Драго Јакимовски од Пробиштип и Мајкл Георгиевски од Кавадарци освоија бронзен медал и пофалница на втората Балканска олимпијада по физика, организирана од Балканската унија на физичарите и Универзитетот во Крајова, Романија.

Во конкуренција беа 48 натпреварувачи од 12 земји, а на овој натпревар Македонија ја преставуваа ученици од Пробиштип, Кавадарци, Скопје и од Струмица. Водач на тимот од Македонија беше проф. д-р Ирина Петреска од Институтот за физика при ПМФ, а заменик-водач на тимот проф. д-р Ламбе Барандовски од Институтот за физика.

 

Scroll to Top