Македонскиот филм „Хомо“, на режисерот и сценарист Игор Иванов – Изи, доби две награди на 22. Фестивал на европскиот филм, што се одржа во Лече, Италија. „Хомо“ ја доби наградата од публиката и наградата Cineuropa на 22. издание на Фестивалот.
„И покрај трагедијата, филмот е забавен и влева надеж низ очите на детето кога сè изгледа изгубено“, вели Валерио Карузо, директор на Фестивалот.
Филмот „Хомо“, кој ја имаше премиерата годинава во јануари, има освоено награди и на неколку други филмски фестивали. Досега е прикажан на повеќе од 20 фестивали во целиот свет.
Во филмот глумат Сашко Коцев, Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов и други.