Краткиот филм на Горги Унковски, „Налепница“, влезе во трката за номинација за „Оскар“ кога вчера победи на 18. издание на меѓународниот фестивал „Ин д палас“, кој се одржа во Софија.
„Налепница“ во јануари имаше премиера на престижниот американски фестивал на независни филмови „Санденс“. Ова е трета година по ред како македонски филм успева на реномираниот „Санденс“, а два пати да се квалификува за „Оскар“.
„Налепница“, кој е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, веќе бележи голем успех на филмски фестивали во целиот свет.
Продуцентот „Синема футура“ објави дека за 9 месеци играл во официјална конкуренција на 135 фестивали, освоил 20 награди и имал дистрибуција на „Топик“, „Канал + Шпанија“ и „ХБО Европа“.
Главниот лик го глуми Сашко Коцев, кој на фестивал во Италија доби награда за најдобра улога. Играат и Соња Стамболџиоска, Мони Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа, Димитрија Доксевски, Џевдат Јашари и др.