Македонскиот филм „Северен Пол“ ќе се прикажува на фестивал во Талин

Краткометражниот филм „Северен Пол” на Марија Апчевска-Петровска, во продукција на „Кино око“ ќе биде дел од официјалната конкуренција на фестивалот Black Nights Film Festival (PÖFF) во Талин. „Северен Пол“ на фестивалот ќе биде прикажан на 17 ноември. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев.

Ова е уште еден успех за македонскиот филм, кој учествуваше во официјалната конкуренција на Канскиот филмски фестивал и на фестивалите во Сараево, Конкорто во Италија, Батуми и Сванети во Грузија, Тирана, Рејкјавик, Монпелје и Солун. По ова, во текот на ноември следува учество на фестивалот во Стокхолм.

Од 2019 година Black Nights Film Festival е член на Европска филмска академија (EFA) и на секое издание фестивалот кандидира еден краток филм во изборот за Европски филмски награди. Исто така, овој фестивал секоја година номинира и филм за наградата на Британската академија за филм и телевизија (BAFTA).

 

Scroll to Top