Малата принцеза Шарлот ќе влезе во историјата по третото дете на Вилијам и Кејт

Принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, ќе влезат во историјата по раѓањето на нивниот помлад брат или нејзината помлада сестра.

Велика Британија овие денови го очекува раѓањето на третото дете на принцот Вилијам, а во моментите кога таа или тој ќе се роди, постарата сестра Шарлот ќе стане првата женска наследничка на британската круна која ќе ја задржи својата позиција во линијата на наследници.

Без оглед на тоа дали ќе се роди принц или принцеза, Шарлот ќе остане четврта по ред наследнички на круната, од својот дедо Чарлс, таткото Вилијам и постариот брат Џорџ.

Детето кое ќе се роди ќе биде петто по ред во линијата наследници, а чичкото Хари ќе се спушти на шестото место.

Шарлот ќе биде првата принцеза во историјата која ќе има предност во наследувањето на круната пред помладиот брат, ако се роди принц.

По закон за наследство од 2013 година, укината е машката примогентура, па принцовите повеќе ја немаат предноста над постарите сестри.

Scroll to Top