Малта ќе им плаќа на туристите по 200 евра за да останат минимум три дена

By

Малта ќе им плати на странските туристи по 200 евра од човек ако останат минимум три дена да летово на медитеранскиот остров. Ова го потврди и министерот за туризам Клејтон Бартоло кој рече дека  се очекува рестрикциите протов Ковид-19 да бидат олеснети до 1 јуни, а дека туристите ќе ги добијат парите откако ќе ги резервираат летните одмори директно преку локалните хотели.

Бартоло рече дека туристите кои ќе резервираат сместување во хотел со пет ѕвезди ќе добијат по 100 евра од Агенцијата за туризам на Малта, што ќе се надоместат од хотелот до вкупната вредност од 200 евра. Ова важи и за  резервации во хотел од четири ѕвезди каде ќе добијат по 150 евра, а во хотел со три ѕвезди, 100 евра. Со ова се очекува  оваа понуда да привлеч околу 35 илјади посетители.

Според податоците на Светскиот совет за патувања и туризам се вели дека овој сектор директно и индиректно е вклучен во 27 отсто од економоијата во Малта. Но, исто так е и погоден баш поради пандемијата на ковид-19. Оваа земја во 2019 ја посетија над 2.7 милиони туристи, но лани бројките паднаа за 80 отсто.

 

Малта ја има една од највисоките стапки на вакцинација против ковид-19 во Европската Унија, со вакцинирани 42 отсто од возрасното население.

 

Ќе ви се допадне

AniWatch watch anime online: DARLING in the FRANXX Episode 24

AnimeFreak anime online: High School DxD Episode 12