Мапа која може да ви покаже колку луѓе во светот го носат вашето име

На социјалните мрежи сега можете да проверите колку вашето име и презиме се популарни низ светот. На почетокот научници од Универзитет во Лондон, уште во 2016 година, направиле интерактивна мапа, која може да ви открие сè за вашето презиме на ниво на секоја земја.

Поради тоа што оваа мапа имала неколку мани и не покажувала колку вашето презиме го има на светско ниво, се појави сајтот forebears.io, каде сега можете да го напишете вашето име и презиме и на мапата ќе видите колку тоа е популарно во светот, односно во секоја поединечна земја.

Кога ќе го напишете вашето име, тоа ќе ви го покаже неговото потекло, како и земјата во која тоа е најпопуларно. Исто така покрај мапата, на сајтот ќе можете да видите колку луѓе во светот го имаат истото име или презиме, пренесува „Нова.рс“.

Scroll to Top