Maпa која покажува колку европските земји имаат тенкови подготвени за војна

Кога се говори за вооружување во Европа, поедини земји се трудат во одредена мера да го намалат своето вооружување, додека други се трудат да го зголемат, затоа што сметаат дека би можеле да бидат загрозени.

Мапата која покажува каква е ситуацијата на стариот континент, по прашањето на бројот на тенкови, кои државите ги поседуваат, е вистински хит на социјалните мрежи.

Русија е далеку најдобра вооружена земја во Европа и тоа со 15.325 тенкови. По тоа прашање ретко која друга држава може да и парира.

За неа следи Турција, со 2537 тенкови, па Грција со 1345, Франција и Италија имаат по 200, Велика Британија нешто повеќе од нив 227, а Германија 250.

 

Шпанија има 434 тенкови, а верувале или не има и државии кои немаат воопшто никакви тенкови. Она што привлекува најмногу внимание, сепак се државите на Балканот.

Тука Србија доминира со 225 тенкови, а Хрватска има 77, а Словенија 58. Податоците за Босна и Херцеговина не се достапни во ова истражување.

Но, иако мапата привлекува големо внимание и навистина е интересно да се видат наведените бројки на едно место, мапата сепак треба да се земе со одредена доза на резерва.

 

Scroll to Top