Мараја Кери ја испрати мајка си во старски дом и ја продаде куќата

Пејачката Мараја Кери ја испратила мајка ѝ Патрисиа Кери во старечки дом на Флорида и ја продала семејната куќа за 757.444 долари. Како што пренесуваат медиумите, таа ја сместила мајка ѝ во дом уште минатата година, па куќата за целиот тој период била празна.

Мараја решила да ја продаде откако нејзиниот брат Морган и сестра Алисон ја тужеле за клевета и лагите кои пејачката ги објавила во книгата The Meaning of Mariaha Carеy.

Тие куќата ја купиле во 1994 година за 419.000 долари, со четири спални соби и три купатила. Таа била празна година дена пред да биде ставена на листата за продажба. Мараја пред една година решила да ја смести мајка ѝ во дом, кој ја чини околу 4000 евра месечно.

Сместувањето вклучува доручек и вечера и сите активности и фитнес вежби внатре и надвор, во базен, превоз и неделно чистење, пишува Dirt.

За потсетување, Мараја веќе некое време има проблеми со семејството. Работите се комплицирале особено откако излегоа нејзините мемоари во шоуто на Опра Винфри. Таа откри дека нејзината мајка Патрисиа, која е професионална оперска пејачка и била љубоморна.

Патрисија на Мараја во една прилика ѝ кажала дека не може да стане ни половина добра пејачка како што е таа.

Scroll to Top