Мартин Гоџоски од Варош во фати крстот во осветените води на Охрдиското езеро на денешниот празник Богојавление Водици, по едногодишна пауза поради пандемијата со Ковид-19.
Тој се избори меѓу стотината капачи кои запливаа во студените води на Охридското Езеро, кои утрово беа осветени со богојавленска богослуќба на која чиноначалствуваше Митрополитиот Дебарско-кичевски Тимотеј.
За потсетување, лани за првпат не се одржа вековната традиција на положување на крстот во осветените води.