Маскирани напаѓачи го убиле Милан Џуричиќ?

Во Јоханесбург во средата попладне се случило мафијашко убиство во кое настрадал еден неидентификуван маж и засега нема потврда дали станува збор за Милан Џуричиќ Мики, кој на балканската јавност ѝ е познат како еден од убијците на Жељко Ражнатовиќ.

Српската полиција преку каналот на Интерпол и меѓународните полициски соработки се обидува да го потврди идентитетот на убиениот.

Мажот е изрешетан во еден парк во предградието на Јоханесбург.

Полицајците кои први дошле на местото на злосторството затекнале безживотно тело на возач во автомобилот кој стоел на семафор.

„Мажот имал повеќекратни повреди во пределот на вратот и градите, а припадниците на итната помош само можеле да ја констатираат неговата смрт. Сè уште не се познати сите околности под кои е извршено злосторството, а засега се исклучува грабежот како мотив затоа што од автомобилот ништо не недостасува“, велат од тамошната полиција.

„Околу 13:25 часот по локално време убиениот го запрел возилото на семафор на аголот на улиците Фабриек и Герхадрус во предградието на Стријд Парк. Во тој момент, автомобил со бела боја го претекнал и блокирал возилото на жртвата. Од него излегле двајца маскирани мажи со автоматски оружја и почнале да пукаат во возачот“, изјавиле од тамошната полиција.

Истрагата ќе го открие мотивот на убиството.

 

 

 

 

Scroll to Top