Маж починал во сообраќајка предизвикана од лубеници

Лубеници што биле превезувани во преполна приколка паднале на патот во Филаделфија. Тоа предизвикало сообраќајна незгода во која загинало едно лице, пишува АП. Лубениците удриле во автомобил, а возачот ја загубил контролата и излетал од патот. При инцидентот животот го загубил 61-годишен патник во возилото.

Возачот на автомобилот бил хоспитализиран, а возачот што ги превезувал лубениците не бил сериозно повреден.

Scroll to Top