Медицинска сестра од Тула во централна Русија, ја чека казна, затоа што на работа се појавила во проѕирно заштитно одело, под кое и се гледала долната облека. Против медицинската сестра, која за кратко време стана интернет сензација, покрената е дисциплинска постапка.
Регионалниот министер за здравство ја укори сестрата, затоа што ги прекршила правилата на однесување.
„Вработените ги потсетуваме дека мораат да се придржуваат на прописите за санитарна облека и појава“, изјавил тој.
И покрај осудата на министерот и дел од јавноста, повеќето од луѓето, застанале на страната на медицинската сестра, испраќајки пораки за поддршка и пофалби.
„Секоја чест. А тоа што го ризикува својот живот, никој не и заблагодарува. А кога се работи за осуда, веднаш тука сте“, биле некои од коментарите на социјалните мрежи.
Друга личност коментирала дека со отфрлањето на вишокот облека, сестрата сакала да се чувствува поудобно, за да им помогне на своите пациенти и дека целта не и била да се покажува.
„Зошто сите сте удриле на неа. Никој не го зема во предвид фактот дека можеби така се облекла, затоа што е претопло. Девојката добро постапила, затоа што покажала дека е невозможно да се работи во такви услови“, коментирал друг.