Медицинска сестра спаси три бебиња во експлозијата во Бејрут

Фотографот Билал Јавиќ направил фотографија од млада медицинска сестра која успеала да спаси три бебиња во болница во Бејрут, каде што во близина се случи силната експлозија.

Опктуржена со урнатини, скршено стакло, таа се обидува да воспостави телефонска врска и да испрати апел за помош до своите колеги, лекари и пациенти.

Главниот град на Либија, по силната експлозија што се случи деновиве, беше девастиран, настрадаа голем број болници, а една од нив беше и Beirut Roum. Таму, во одделот за гинекологија и акушерство, настана една од најпотресните фотографии.

Фотографијата на Јавиќ го долови моментот на очај, тага, беспомошност и целата таа трагедија што ѝ се случи на либанската метропола. По силната експлозија, која се случи во вторникот и која го потресе Бејрут, штетите, за жал, уште долго време ќе се собираат, како материјалните така и оние човечките.

„По 16 години фотографирање за медиумите и многу војни, можам само да кажам дека не сум видел ништо слично на ова што го посведочив пред болницата. Оваа херојка ги замота бебињата и ги чуваше внатре во болницата, воспостави врска и покрај прекинот на комуникациите. Ги држеше трите новороденчиња во рацете, опкружена со десетина тела околу неа и многу повеќе ранети“, напишал авторот на фотографијата на својот „Фејсбук“.

Истата таа болница, која работи од 1902 година и згрижува најмалку 350.000 пациенти годишно, сега, по невидената катастрофа што му се случи на Бејрут, мака мачи и со недостиг на крв.

Според последните информации, експлозијата однесе повеќе од 100 животи, а повеќе од 4.000 се повредени.

Scroll to Top