„Мекдоналд“ ги живее последните денови

Синџирот за брза храна „Мекдоналд“ повторно ги полни насловните страници на весниците во целиот свет. Компанијата штотуку поведе нова целодневна програма за појадокот што може да се послужува во текот на целиот ден, но сега сопствениците на франшизата ја изразија својата загриженост за тоа дали би можело ова да биде нивна последна кампања.

Како што е објавено во јуни, франшизата на „Мекдоналд“ е намалена првпат по 40 години историја на оваа компанија.

„Мекдоналд“ најави во април дека ќе почне да ги затвора своите 700 непрофитни локации поради самата големина на компанијата. Таа има 14.300 ресторани само во САД, но тоа не е показател за пропаѓањето на компанијата затоа што постојано се затвораат ресторани, особено поради тоа што и понатаму се отвораат на нови локации во светот. „Мекдоналд“ има двојно повеќе локации од „Бургер кинг“, кој претставува негов најблизок конкурент.

Но, за франшизите, сликата изгледа многу полошо од едноставно затворање 700 продавници.

„Ние боледуваме од тешка депресија и ништо не се менува“, напиша сопственикот на франшизата како одговор на финансиското истражување од страна на групата „Номура“.

Веројатно, 30 отсто од операторите на „Мекдоналд“ се неликвидни. Еден сопственик отиде до таму што нагаѓаше дека компанијата буквално ги живее своите последни денови.

Како што тврди „Бизнис инсајдер“, недостигот од доследно водство од центарот на компанијата во Оак Брук е застрашувачко и челниците на компанијата и понатаму скокаат од една неуспешна иницијатива во друга.

Ова веројатно се однесува на разните маркетиншки програми, кои неодамна се принудени да ја променат политиката на ресторанот кон помладите клиенти, така што избраа здрави и локални опции за храната.

Иако овој синџир за брза храна доминира на пазарот веќе со децении, конкуренцијата и свеста за здравјето предизвикаа пад на популарноста на нивните производи. Растот на синџири како „Чипотлеа“, кој неодамна престана да користи генетски модифицирани состојки, секојдневно му ги краде потрошувачите на „Мекдоналд“.

Многубројните затворања ресторани означуваат сè поголем чекор во прехранбените склоности на Американците. Тоа е во согласност со неодамнешните потези на синџирот за брза храна за отстранување на отровните хемикалии од своите состојки, како и со експоненцијалниот раст на органската и здрава алтернатива.

Ако трендот на здрава алтернативна храна во светот продолжи, „Мекдоналд“ ќе мора да се приспособи на пазарот, што е реална можност.

 

Scroll to Top