Менаџерски промени во „Триглав осигурување – живот“ АД Скопје – Вилма Учета-Дузлевска нов Генерален Директор”

By

Компанијата „Триглав осигурување – живот“ овие денови доби нов генерален директор и извршен член на одборот на директори. Вилма Учета-Дузлевска ја презеде челната позиција во компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето.

Учета-Дузлевска е добитник на годинешната награда Business Elite’s 40 under 40 како една од најуспешните млади бизнис-лидери во Југоисточна Европа.

Компанијата „Триглав осигурување – живот“ АД Скопје, како дел од Групацијата Триглав, која е воедно најголемата осигурително-финансиска групација во регионот Адрија, на македонскиот осигурителен пазар постои од 2017 година.

Ќе ви се допадне