Германската канцеларка Ангела Меркел, која за помалку од еден месец трипати се тресеше на јавна сцена, изјави во јавноста дека сè е во ред со нејзиното здравје.
„Добро сум, нема потреба за никава грижа“, изјавила Меркел, која за недела дена ќе наполни 65 години.
По првите две незгоди, Меркел била забележана како се тресе за време на приемот на финскиот политичар Анти Рине во Берлин.
Првиот пат канцеларката беше видена како се тресе за време на дочекот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. На Меркел ѝ се слошило додека Зеленски го слушал интонирањето на химната на силното сонце.
На снимката се гледа како Меркел тешко ја одржува рамнотежата, а тогаш рекла дека ѝ станало подобро откако се напила вода.
Вториот пат се тресела за време на цермонијата на поставање на новиот министер за правда во Берлин. Меркел, која стоела покрај Френк Валтер Штајнмајер, се држела за раце, обидувајќи се да се смири.
По две минути, нормално се ракувала со новиот министер за правда. По двата настани, германската канцеларка изјавила дека ги разбира прашањата на новинарите за нејзината здравствена состојба, но нагласила дека сè е во ред со нејзиното здравје.
По трите непријатни ситуации се огласил и портпаролот на германската влада, кој изјавил дека германската канцеларка се чувствува добро.